Најсилните феминистички филмови

91

Многу жени сметаат дека филмската индустрија е пред сѐ машка забава, оттаму, силните женски ликови се помалку застапени, а и статистиката на режисерите оди во корист на мажите. Во прилог се најдобрите феминистички филмови.

„Орландо“
Овој филм е адаптација на романот на Вирџинија Вулф и ги истражува родовата и уметничката субјективност преку приказна за богатиот благородник во елизабетанската ера, кој постепено се трансформира во жена. Лордот Орландо, кој станува леди Орландо во приказната за да се пробие во општеството, го глуми Тилда Свинсон.

„Јас пукав во Енди Ворхол“
Овој филм од 1996 година на режисерката Марија Харон е снимен по вистински настан, а станува збор всушност за критика за мизогинијата. Една од моделките што работела со Енди Ворхол во неговото познато студио „Фабрика“, Валери Соланас во 1968 година испукала три куршуми во Ворхол, а заедно со него бил застрелан и неговиот партнер. Изјавила дека го направила тоа затоа што Енди Ворхол премногу ѝ го контролирал животот. Инаку, оваа моделка ја игра Лили Тејлор, феминистка.

„Телма и Луиз“
Кога овој филм излезе во 1991 година, имаше мажи што се пожалија дека филмот е понижувачки за мажите и дека пропагира погрешни работи, како возење во алкохолизирана состојба, грабеж и убиство. Централната тема на филмот е пријателството на двете жени, кои ги играат Сузан Сарандон и Џина Дејвис, а преку нивното патување се презентираат позицијата и животот на жените.

„Женска неволја“
Овој филм од режисерот Џон Вотерс им дава простор на таканаречените лоши жени и ликови, на оние што, според неговите зборови, немаат шанса да победат во реалниот живот, па затоа победуваат во неговите филмови. Приказната е за средношколци, на кои училиштето не им е примарна работа. А главната женска улога ја игра маж што се преоблекува во жена. Општо земено, филмот покажува колку убаво може да биде она што е личен избор, дека обично не постои и дека суштината е во слободата на избор на начинот на живот.

„Родени во пламен“
Работата на овој документарен филм од 1983 година, во режија на Лиза Борден, е базирана во футуристички Њујорк и ја следи социјалната револуција, комбинирајќи научна фантастика и феминистичка политика. И покрај социјалните промени што се случиле тогаш, она што го прави овој филм современ е темата со која се занимава – сексизмот и расизмот.

„Прашањето на тишината“
Овој германски филм со право се смета за феминистичка класика. Режисерка е Марлин Горис, а акцијата на филмот е поврзана со три жени што не се познаваат и заедно убиваат непознат човек. Главните ликови се домаќинка, секретарка и келнерка. Во 1982 година филмот предизвика многу контроверзии, но истовремено беше прогласен за најдобар феминистички филм, бидејќи се занимава со насилство во свет во кој доминираат мажи.

„Сестринска трилогија“
Една од водечките режисерки на новото германско филмско платно и познатата режисерка на феминистички филмови Маргарет фон Трот во оваа трилогија го испитува одбивањето на жените да се придржуваат кон традиционалните улоги наметнати врз нив преку општеството.

„Жените без мажи“
Филмот е снимен по книгата на иранскиот писател Шарнуш Парсипур, чие дејство е сместено во времето на револуцијата во Иран во 1953 година, во режија на Ширин Нешат и Шоја Азари. Филмот ја покажува судбината на четири жени што во еден прекрасен овоштарник наоѓаат мир, независност и утеха.

„Сѐ за мојата мајка“
Во 1999 година режисерот на овој филм, Педро Алмодовар, им го посвети филмот на сите актерки, на сите жени што дејствуваат, на сите мажи што глумат и стануваат жени, на секој што сака да биде мајка, мојата мајка. Тешко е да се најде филм во кој има толку многу комплексни женски ликови – бремена калуѓерка, мајка што го жали своето дете, лезбејска актерка и трансродна проститутка. Станува збор за невообичаен сет на ликови, кои, на свој начин, придонесуваат за овој филм да биде еден од омилените феминистички филмови.

„Една пее, друга не“
Различните идентитети на двете жени биле презентирани преку приказна за пријателството на две жени во шеесеттите и седумдесеттите години на дваесеттиот век. Сосема различни, Пом и Сузан ќе се сретнат откако Пом ѝ помага на Сузан да абортира. Преку две сосема различни животни приказни – едната е пејачка, а другата се бори со сиромаштијата, режисерот Ањес Варда ја осветлува енергијата на феминизмот во 1970-тите години во Франција и силата на пријателството што ги преживува сите искуства.