Најплатените музичари во 2018 година

286

Списанието „Билборд“ состави листа oд 50 најплатени музичари и музички групи во светот

1.„Ју ту“
Ирската групата „Ју ту“ до денес има продадено повеќе од 120 милиони студио-албуми и повеќе од 50 милиони компилации и снимки од настапи во живо, шест пати некој од нивните албуми бил на првото место на американските топ-листи, а девет пати во Велика Британија. „Ју ту“ е една од најпопуларните рок-групи во светот уште од осумдесеттите години. Годинава тие собраа 54,4 милиони долари и се на врвот на листата.

2. Гарт Брукс
Гарт Брукс се најде на второто место со 52,2 милиони долари. Брукс е американски пејач на кантри-музика. Музичката кариера ја почнал во 1989 година со издавањето на неговиот прв студиски албум. Иако е кантри-изведувач, Брукс останал запаметен како музичар што вметнувал рок-елементи во своите композиции, со тоа доближувајќи ја кантри-музиката до пошироката публика. Брукс е третиот најпродаван музичар на сите времиња во САД.

3. „Металика“
„Металика“ низ годините успеала да изгради лојално следбеништво и огромни бази на обожаватели во многу земји од светот. Тие наедно важат и за еден од ретките претставници на екстремниот хеви-метал што успеале да ги придобијат симпатиите на поголем дел од музичките експерти. Минатата година собраа 43,2 милиони долари. Тие беа четврти во 2017 година и први во авторските записи.

4. Бруно Марс
Марс е нов на годинашната листа, со 40,7 милиони долари. Тој е највисоко рангиран хипхоп-изведувач, втор најистакнат изведувач на радио. Пред да стане успешен соло-уметник, Xернандез беше признаен музички продуцент.

5. Ед Ширан
Ширан се најде на врвот „Билборд хот 100“ двапати во 2017 година со „Perfect“ и со „Shape of You“. Годинава се избори за петтото место на најплатените музички ѕвезди со 31,3 милион долари. Ед Ширан е британски пејач и текстописец. Тој е број еден во продажба на албуми во Британија.

6. Лејди Гага
Иако Лејди Гага е релативно нова на музичката сцена, сепак тоа не ја спречи да има неколку врвни достигнувања. Нејзиниот прв албум „The Fame“ се најде на првото место на топ-листите во САД и во Велика Британија. А со слично темпо продолжи и понатаму. Годинава собра 29,7 милиони долари.

7. Били Џоел
Стадионските шоуа и преполните арени го направија Били петти најплатен музичар во 2017 година. Годинава се најде на седмото место со 29,2 милиони долари. Тој и понатаму останува ветеран во музиката.

8. „Ганс енд роузес“
Овој бенд со нивниот уникатен стил ги соединија панкот, блузот и треш-металот во уникатен стил. Овој контроверзен бенд од своето основање до денес има поминато низ доста промени во составот. За само еден ден продадоа еден милион билети за претстојната европска турнеја закажана за во 2017 година. Годинава собраа 27,8 милиони долари.

9. Роџер Вотерс
Тој е еден од основачите на групата „Пинк Флојд“ во која учествувал како басист и како ководечки пејач. Соло-кариерата на Вотерс вклучува три студиски албуми. Годинава се најде на 10-то место со 27,2 милиони долари.

10. „Колдплеј“
Бендот има освоено голем број музички награди во текот на нивната историја. Имаат продадено над 60 милиони плочи низ целиот свет. Со години со своите хитови одржуваат светска популарност. Годинава се на 10-то место со заработени 26,5 милиони долари.