Најновото соопштение на Хари и Меган ги изненади Британците

1212

Принцот Хари и Меган Маркл викендов објавија необично соопштение на својата службена веб-страница „Сасекс Ројал“, пренесуваат светските медиуми.

Во нивното соопштение стои дека кралицата нема јурисдикција и право на поседување на зборот „ројал“ насекаде во светот. Тоа е реакција на претходно објавената забрана според која Хари и неговата сопруга Меган веќе напролет нема да можат да ја користат титулата Сасекс Ројал.

Според прописите на британската влада за користење на зборот „ројал“ договорено е нивната непрофитабилна организација, која на јавноста ќе биде претставена напролет, да не го носи називот Фонд Ројал Сасекс, соопшти владиниот портпарол, додавајќи дека војводата и војвотката од Сасекс нема да го користат името „Сасекс Ројал“ од пролет в година 2020 година.

Соопштението на Хари и Меган многумина го протолкувале како непријатеско, а значењето како непочитување на кралицата. А експерти за кралскотото семејство го сметаат за голема пи-ар грешка.