Најмоќната електрична јагула на светот пронајдена во Амазон

324

При ДНК-анализа група научници открија дека во амазонскиот речен слив живеат целосно нови видови електрични јагули, од кои една од нив е во состојба да произведе рекорден број движења, поради што се смета за најмоќна на светот. Ваквите откритија се доказ, како што велат истражувачите, за неверојатната разновидност на дивиот свет во дождовната шума на Амазон. Многу видови што живеат таму сè уште се непознати за науката, а тоа укажува дека е многу важно да се заштитат нивните живеалишта од уништување на шумите, од сеча и од пожари, пишува „Гардијан“.

– И покрај сите човечки влијанија врз дождовните шуми во Амазон, во последните 50 години, ние сè уште откриваме џиновски риби како два нови вида електрични јагули – вели зоологот и главен истражувач, Дејвид де Сантана.

Ова истражување укажува на тоа дека огромно количество животински видови чекаат да бидат откриени во дождовните шуми во Амазон, а многу од нив би можеле во иднина да помогнат при лекување разни заболувања или да бидат инспирација за некоја технолошка иновација. Електричната јагула, која е еден вид риба, го инспирира дизајнирањето на првата електрична батерија.

Со векови се верувало дека постои само еден вид јагула низ целиот тој регион, познат како Голема Амазонија, а во тој регион спаѓаат и делови од Бразил, Суринам и Гвајана. Меѓутоа, во текот на истражувањето на електричните јагули, кое било спроведено за подобро да се разбере нивниот вид, Де Сантана и неговата екипа наидоа на најмоќната јагула на светот.