Најдобрите улоги на Џорџ Клуни

153

Џорџ Клуни, американски актер, режисер, сценарист, продуцент, е добитник на два „оскара“, два „златни глобуси“ и многу други награди. Цело време балансира меѓу високобуџетните блокбастери и ризичните продуцентски и режисерски проекти, како и социјалниот и политичкиот активизам.

Во прилог се најдобрите негови филмови.

„Гравитација“ (2013)
Жанр: драма, научна фантастика, трилер
Режија: Алфонсо Куарон
Улоги: Сандра Булок, Џорџ Клуни, Ед Харис,
Кратка содржина: д-р Рајан Стоун е одличен медицинска инженерка и таа е на својата прва мисија во вселената, заедно со астронаутот Мат Ковалски (го игра Клуни), кој командува на својот последен лет пред да се пензионира. Меѓутоа, се случува катастрофа и вселенското летало е уништено, така што тие двајца остануваат сами во вселената.

„Фантастичниот лисец“ (2009)
Жанр: анимација, авантура, комедија
Режија: Вес Андерсон
Улоги: Џорџ Клуни, Мерил Стрип
Кратка содржина: г. и г-ѓа Фокс живеат идиличен живот, но по дванаесет години тивок домашен живот, мирнотијата е здодевна за животинските инстинкти на г. Фокс.

„Тенката црвена линија“ (2008)
Жанр: драма, воен филм
Режија: Теренс Малик
Улоги: Џим Кавиезел, Шон Пен, Ник Нолт
Кратка содржина: адаптацијата на автобиографската книга на Јејмс Џонс од 1962 година „Битка за Гвадалканал во Втората светска војна“.

„Трилогијата Оушн“
Кратка содржина: Даниел (Дани) Оушн е главниот лик на „Трилогијата Оушн“, која продуцира филмови со грабежи. „Оушн илевен“ или „Единаесеттемина на Оушн“ од 2001 година беше римејк проследен со уште две продолженија. Ликот на Оушн во овие три филма го игра Џорџ Клуни.

„Брат, каде си?“ (2000)
Жанр: крими, драма, трилер
Режија: Џоел Коен, Итан Коен
Улоги: Џорџ Клуни, Џон Туртуро, Тим Блејк Нилсон
Кратка содржина: на југ, во триесеттите години на минатиот век, тројца бегалци од затвор бараат скриено богатство, додека вознемирен полицаец ги прогонува.

„Добра ноќ, и со среќа“ (2005)
Жанр: биографија, драма, историски
Режија: Џорџ Клуни
Улоги: Дејвид Стратхајн, Џорџ Клуни, Патрисија Кларксон, Роберт Дауни Џуниор
Кратка содржина: филмот е снимен според вистинска приказна и се одвива во почетокот на педесеттите години од минатиот век кога во САД владее параноја и страв од комунизмот. Сенаторот Џозеф Мекарти има само една цел – да ги најде симпатизерите на комунизмот во Америка и да ги уништи притоа не избирајќи средства.

„Горе во воздухот“ (2009)
Жанр: комедија, драма, романтика
Режија: Џејсон Реитмен
Улоги: Џорџ Клуни, Вера Фармига, Ана Кендрик
Кратка содржина: Рајан Бингем (Џорџ Клуни), е вработен што патува со авион од град во град, а неговата работа е да отпушта луѓе. Својот живот Рајан го поминува на американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Меѓутоа, во животот на Рајан не постои ништо со нешто што тој е навистина поврзан. Рајан почнува да размислува за тоа како би било навистина да има дом.