Научно докажано: Фреди Меркјури е најдобриот пејач на сите времиња

197

Британскиот пејач Фреди Меркјури е најдобриот пејач во историјата, се наведува во истражување на австриски, чешки и шведски научници, објавено во списанието „Логопедикс Фониjатрикс Воколоџи“.

Фреди Меркјури е роден на денешен ден 1946 година во Занзибар, а почина во 1991., по компликации со СИДА-та од која боледуваше. Беше основач и член (до својата смрт) на рок-групата „Квин“, формирана 1970 година.

Групата научници не го тестирале урбаниот мит дека Меркјури имал распон на гласот од цели четири октави, но открија други занимливости. Имено, анализирајќи негови изведби и шест интервјуа, и имајќи го предвид сознанието дека тој важел за тенор, стручните лица заклучиле дека тој всушност бил поблиску до баритон.

Просечната фреквенција на неговиот глас е 117,3 херци, експертите издвоиле 4.132 фрејмови во секунда, за точно да утврдат како на Фреди му успевало тоа.