Научни достигнувања во 2019 година

164

Американското здружение за напредок на науката (АААС) изработи краток список на најзначајните научни достигнувања во 2019 година.

Само пет години по избувнувањето на западноафриканската епидемија на ебола во 2014 година, беа развиени два лека од фармацевтските компании „Мерк“ и „Џонсон енд Џонсон“, кои успешно се тестираа оваа година за време на избувнувањето на болеста во Демократска Република Конго. За да се развие една вакцина обично е потребен период од 10 до 20 години.

Следното откритие, кое се наоѓа на списокот на АААС, е сликата на прстен од ѕвездена прашина што опкружува темен круг. Црните дупки биле одамна теоретизирани дека постојат, но никогаш досега директно не биле забележани. Астрономите од опсерваториите низ светот ги комбинираа набљудувањата од десетици радиотелескопски за да ја генерираат првата слика од црната дупка. Супермасивната црна дупка се наоѓа во срцето на галаксијата Месиер 87, која е 53 милиони светлосни години оддалечена од нашето сонце.

Невролозите успеаја да ги вратат циркулацијата, молекуларните и клеточните функции во мозокот на свиња четири часа по нејзината смрт, правејќи ги да изгледаат релативно нормални, но со отсуство на бранови во мозокот што укажуваат на свеста.
Тим физичари за списанието „Нејчр“ тврдеа дека постигнале пресвртница во квантната технологија. Притоа микрочипот „сикамор“ на „Гугл“ успеа да изврши пресметка за 200 секунди, додека на денешниот најнапреден класичен компјутер ќе му бидат потребни околу 10.000 години за да го сруши тој рекорд.

На листата се најде и откритието на фосилен череп од регионот на Етиопија на најстариот и најкомплетен примерок на астралопитекус анаменсис (Australopithecus anamensis), човечки предок стар 3,8 милиони години и претходник на познатиот вид Луси, астралопитекус афаренсис.

Луси потврди дека нашите предци биле двоножни, поради можноста за исправено одење, кое нуди бенефиции за преживување и она што е можеби пресудно, рацете се слободни да носат храна и да користат алатки за работа.Вселенското летало „Нови хоризонти“ на НАСА ја започна новата година со пренесување слики од леден објект 2014 МУ69, кој се наоѓа на Кајперовиот појас, и е 1,6 милијарда километри оддалечен од Плутон, што ја прави најоддалечена точка во нашиот Сончев Систем.