Научниците открија бактерија што се храни со токсична пластика

163

Бактерија што се храни со токсична пластика е откриена од научниците. Бактеријата не само што ја распаѓа пластиката, туку ја користи како храна за напојување на процесот.

Бактеријата, која е пронајдена на место за отпад, каде што се фрла пластика, е прва за која се знае дека го напаѓа полиуретанот. Милиони тони пластика се произведува секоја година за да се користи за спортски чевли, пелени, кујнски сунѓери, изолација од пена, но најмногу се испраќа на депонија затоа што е премногу тешко да се рециклира.

Кога се распаѓа, може да ослободи токсични и канцерогени хемикалии кои би ги убиле повеќето бактерии, но новооткриениот вид е во состојба да преживее. За време на истражувањето идентификувани се некои нејзини клучни карактеристики, останува да се заврши многу работа пред да се користи за третирање на големи количини отпадна пластика.

– Овие откритија претставуваат важен чекор за да можат повторно да се употребат полиуретански производи кои не можат да се рециклираат – рече Херман Хејпипер, од Хелмхолц – Центар за истражување на животната средина во Лајпциг, Германија.

Тој додава дека може да поминат 10 години пред бактеријата да се користи во голем обем и дека во меѓувреме е од витално значење да се намали употребата на пластика што е тешко да се рециклира и да се намали количината на пластика во околината.