НАСА успешно го лансира „роверот“ што треба да даде конечни докази за живот на Марс

69

Со денешното лансирање на „роверот“ „Персеверенс“ („Истрајност“), НАСА ја почна својата најнова мисија на Марс, која многумина ја сметаат за најамбициозен обид да се пронајдат докази дали некогаш имало живот на Црвената планета.
„Персеверенс“ ќе има задача да ја пребарува површинта на планетата за остатоци од древни микроби кои можеби биле населени таму пред повеќе од три милијарди години.

Претходните американски мисии утврдија дека животот на Марс е можен, т.е. дека постојат поволни услови за живеење. „Персеверенс“ е подобрената верзија на роботот „Кјуриозити“, кој слета на Марс во 2012 година и ќе ги анализира карпите на Марс, а пред сè ќе земе примероци што следната мисија ќе ги донесе на Земјата во 2031 година, пишува АФП.

– Сè уште не знаеме дали постоел живот на Марс, а оваа мисија, наречена ‘Марс 2020’, ќе се обиде да одговори на тоа прашање. Првпат во историјата НАСА посвети мисија на астробиологијата, истражување за животот, сегашен или поранешен, на еден друг свет – рече Џим Бриденстајн, шеф на НАСА.
Роботизираниот „ровер“ предвидено е до Марс да патува седум месеци и да слета во кратерот Jeзеро 18 во февруари 2021 година.

Се работи за „ровер“ со шест тркала, кој тежи 1.040 килограми. Тој носи и мал хеликоптер, кој ќе се обиде летајќи да ја истражува Црвената планета. „Роверот“ има и роботска рака, серија камери, чифт микрофони и други додатоци.