НАСА го ангажира Локид Мартин за изработка на авион побрз од звукот

416

Американската вселенска агенција НАСА го ангажирала Локид Мартин за проектирање, изградба и тестирање на авион што ќе лета побрзо од звукот и ќе го пробива звучниот ѕид со многу ниско ниво на бучава.

Договорот е вреден 247,5 милиони американски долари, а пробниот лет на авионот е најавен за 2021 година.

Експерименталниот авион ќе лета на височина од 16,8 километри со брзина од околу 940 километри на час, а при пробивањето на звучниот ѕид нема да произведува звучен удар, туку звук сличен на оној при затворањето на вратата од автомобилот, на перцепирано нивно на бучава од 75 децибели, наведе НАСА во соопштението.

Веќе кон средината на 2022 година авионот би требало да лета над повеќе американски градови заради собирање на податоци.

Целта на проектот е да се овозможи тивок лет со брзини поголеми од брзината на звукот. Патничките седишта засега не се дел од проектот. Компанијата најпрво треба да докаже дека е можно да се лета со таков авион.

Слични проекти започнаа и другите компании, како Вирџин Галактик и Спајк Аероспејс.