Над автопат во Лос Анџелес ќе се гради премин за диви животни

151

Во округот Лос Анџелес, еден од напознатиот американски патишта, автопатот 101 наскоро ќе добие зелена преобразба со најголем надвозник за премин на диви животни во светот, пренесуваат американските медиуми.

Во овој американски округ има голема популација на планински лавови, но забрзаниот и голем развој на областа и околните градови создале „џебови“ на изолирани живеалишта како последица од градњето на автопати. Ова создава проблеми, не само поради ризикот животните да ги преминат автопатите, туку и тие да загинат од автомобилите.

– Знаеме што се случува и малку е подлабоко од тоа дека животните можат да бидат удрени од автомобили. Животните стануваат изолирани бидејќи не можат да се преселат во помалите „острови“ на живеалишта создадени од нашите автопати – објаснува Бет Прат, претставничка од Националната федерација за диви животни, една од неколкуте партнерски организации што работеле на овој проект.

Донирани се 15 милиони долари за изградба на овој премин, кој ќе биде долг 50 метри, а ќе поминува преку автопатот 101 во кањонот Либерти, чиј дизајн и проект е во завршна фаза.

Преминот ќе биде покриен со густо насадени дрвја и друга вегетација за да биде што е можно потивок и во сенка за планинските лавови да се чувствуваат безбедно кога го користат. Ако собирањето на средства продолжи, проектот ќе биде готов в година.