Награди за играчите на „Покемон Го“ по повод Денот на планетата Земја

1185

Играчите на „Покемон Го“ на 22 април ќе бидат наградени во играта ако собираат смет, соопшти творецот на оваа популарна игра „Ниантик“.

Специјалниот настан е посветен на Денот на планетата Земја и е организиран во соработка со невладини организации од целиот свет, за да се охрабри позитивното однесување кон нашата средина.

Играчите ќе треба да се обединат со други фанови на играта и колку повеќе луѓе се соберат на едно место и чистат заедно, толку поголеми ќе бидат наградите.

Правилата на настанот се следниве: „Сите ќе добијат пристап до посебен предмет за своите аватари во чест на Денот на планетата Земја и оние кои работат заедно, за да учествуваат во чистењето, организирано ширум светот, ќе отклучат уникатни награди во играта за апсолутно сите низ целиот свет“.

Бонусите ќе вклучуваат повеќе „stardust“ при фаќање на Покемон, направен од земја, вода или трева, а шансата ќе се зголеми тројно ако повеќе од 3.000 луѓе се вклучат во настаните. Тие ќе бидат 37 во 12 земји ширум светот.