Наградениот документарец за Мајкл Џексон оценет како фарса

268

Менаџментот на Мајкл Џексон изјави дека доделувањето на наградата „Еми“ за документарецот „Бегство од Недојдија“ (Leaving Neverland) е чиста фарса.

„Бегство од Недојдија“ за првпат беше емитуван во март, а се фокусира на сведоштвата на двајца мажи кои тврдат дека поп-ѕвездата ги злоупотребувала како деца.

– Филмот е тотална фикција и фактот дека беше награден со „Еми“ во категорија документарец е чиста фарса – вели менаџментот.

Менаџментот додава дека не постои ни трошка доказ што може да ги поткрепи изјавите во филмот.

„Бегство од Недојдија“ беше номиниран во пет категории, а ја освои наградата за најдобар документарец.

Во контроверзниот документарец е во режија на Ден Рид, прикажани се интервјуата со Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои имале седум и десет години кога Мајкл Џексон се спријателил со нив и нивните семејства.

Според Рид, номинациите за „Еми“ се важно признание за сите оние кои биле вклучени во филмот.

– Откако го прикажавме „Бегство од Недојдија“ забележавме дека луѓето почнаа да ја отвораат темата за сексуална злоупотреба врз децата. Ова беше причината поради која Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон и нивните семејства се согласија да зборуваат на оваа тема и причината поради која го снимивме документарецот – изјави Рид.