Му здодеале плажите на Тенерифе, па се вратил во затвор

229

Побегнат затвореник, десет години по неговото бегство, се појавил пред полициска станица во Салцбург, со желба да се врати во затворската ќелија.

Австриецот на возраст од 64 години, по бегство живеел на Тенерифе, најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови. Сепак, на постара возраст одлучил да се врати во својата татковина.

Со два куфета пристигнал преку Минхен до Салцбург, каде што тропнал на вратата на полициската станица.

Бегалецот им кажал на зачудените полицајци дека на Тенерифе веќе не му било толку убаво, можеби зошто предолго живеел таму.

Откако бил утврден неговиот идентитет, се покажало дека тој е бегалец од затворот Шварц ам Штајнфелд.

Во договори со судот и обвинителството, тој бил префрлен во затвор во Салцбург.

Затвореникот побегнал во декември 2008 година и тоа половина година пред истекот на казната.

Бидејќи во Австрија бегството од затвор не е казниво, Австриецот ќе мора да одлежи само уште половина година, колку што му останува од претходната казна.