Музеј на марихуаната се отвора во Лас Вегас

82

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „градот на гревот“ – Лас Вегас.

Во него ќе бидат изложени експонати како што се стаклен „бонг“ повисок од жирафа и вештачки пупки од марихуана.

Посетителите ќе може да научат нешто повеќе за канабисот и да се сликаат за на Фејсбук.

Но, никому нема да му биде дозволено да запали „џоинт“, оти во Невада е забранета употреба на опојни дроги на јавно место.

Основачот на музејот Џеј Џеј Вокер изјави дека целта е да се дестигаматизира употребата на марихуана.

Музејот ќе ги прими првите посетители речиси 15 месеци откако возрасните лица во Невада добија право да купуваат марихуана за рекреативни цели и приватно, а продажбата досега ги надмина сите очекувања.