Мистериозни остатоци од бродови повторно се појавија во Англија

217

Неколку остатоци од викторијански бродови повторно се појавија во Корнвол, Англија. Остатоците од дрвените бродови датираат од 1800-тите, а можеби се и постари. Тие се појавија во близината на Сент Ајвс, на место каде што локалното население никогаш порано не ги видело. Ова е резултат на зимските бури и многу ниската плима.
Точното потекло на остатоците не е познато, но се верува дека станува збор за остатоци од францускиот брод „Провиденс“, кој потонал за време на бура во октомври 1865 година, или од германскиот брод „СВ Алберт Вилхелм“, кој удрил во гребен и потонал во октомври 1885 година.
Жителите што живеат блиску од оваа локација изјавиле дека не можат да се сетат кога последен пат можеле да се видат остатоците.
Едни од првите видени остатоци од бродови се оние на шпански брод што превезувал ткаенини во 1514 година. Тука се наоѓаат и остатоците на товарниот брод „Рикавери“, кој потонал за време на бура во ноември 1780 година, како и бродот „Северн“, кој потонал во 1859 година.
Паробродот „Беси“ потонал во ноември 1893 година, за време на бурата Синтра, која уништила уште неколку брода, а нивните остатоци, исто така, повремено се појавуваат при ниска плима.