Мистериозниот „Стоунхенџ“ од Џорџија

183

Во округот Елберт во американската држава Џорџија е лоцирана една од најмистериозните градби во светот – позната како „Американскиот Стоунхенџ“ за која никој незнае зошто е изградена и од кого. Градбата била финасирана од личноста која се претставила со псевдонимот Роберт Кристијан. 

Градбата е висока 5,87 метри и се состои од шест гранитни плочи со вкупна тежина од  107.840 кг. Една од плочите стои во центарот, четири други се распоредини околу неа, а петтата лежи врз нив. Во близина на главната градба, е поставена дополнителна плоча на која се наведени факти за големината тежината и карактеристиките на камењата, датумот на изградбата, за поставувањето на временска капсула под темелите на градбата.

Она што најмногу ги возбудува посетителите на градбата е мистеризоната порака во форма на десет упатства напишани на осум различни јазици, по еден јазик за секоја страна од четирите гранитни плочи – англиски, хинду, свахили, еврејски, арапски и руски јазик. На горната плоча која лежи врз останатите, на нејзините четири раба има текст на вавилонски (клинесто писмо), старо грчки, санскрит и старо египетски (клинесто писмо). 

Десетте упатства гласат: Одржувајте го човештвото под 500.000.000 во постојан баланс со природата, умно водете ја репродукцијата – подобрете ја кондицијата и разновидноста, обединете го човештвото со нов жив јазик, управувајте ги страста – верата – традицијата и сите нешта со разум, заштите ги луѓето и нациите со фер закони и праведни судови, сите нации своите внатрешните недоразбирања нека ги решаваат пред светскиот суд, избегнувајте ги ситните закони и бескорисни службеници, рамнотежа на човековите права со општествените должности, ценете ги вистината – убавината – љубовта – хармонијата со бесконечноста, немој да бидеш тумор на Земјата – оставете простор за природата – оставете простор за природата.

Мистеризните пораки предизвикаа големи контроверзии и многубројни теории на заговор.