Мистериозна структура забележана на Гугл еарт

135

Што се крие на ледениот континент

Еден од корисниците на апликацијата Гугл еарт открил ледена структура што личи на вистински крстосувач во близината на брегот на Антарктикот. Откритието предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, за тоа што всушност се крие на замрзнатиот континент – од тајни нацистички бази, мистериозни цивилизации, па до вонземјани.
Сликата е објавена на Јутјуб и веднаш привлече внимание. Кога снимката е вклучена во 3Д-режим, не може да се одрече дека личи на голем брод.

– Неговата линија е јасно видлива. Должината на бродот е околу 120 метри и се наоѓа далеку од брегот на Антарктикот – се наведува на јутјуб-каналот.
Поединци се убедени дека бродот завршил на оваа локација откако се урнал во еднакво мистериозниот Бермудски триаголник. Други, пак, веруваат дека бродот е наследство на нацистите, кои изградиле тајни бази на Антарктикот по Втората светска војна.