Мила Јовович се врати во „Ај-ем-џи моделс“

170

Четириесет и петгодишната Мила Јовович се врати во „Ај-ем-џи моделс“, агенцијата која ја претставуваше актерката и модел на глобално ниво во во светот на модата, пренесуваат светски медиуми.

Јовович беше долгогодишен модел на „Ај-ем-џи моделс“ сè додека на почетокот на 2019 година не потпиша со „Сосајети модел менаџмент “  која е американската подружница на „Елит ворлд груп“. Сега е повторно во „Ај-ем-џи моделс“ кои првично ја претставуваа Јовович од јануари 1999 година, објави агенцијата.

– Пресреќна сум што се вратив меѓу семејството во „Ај-ем-џи моделс“ – изјави Јовович.

Таа останува модел на „Криејтив артист ејџенси“ управувана од Крис Бренер.

– Очекувам да создадам иновативни начини за максимизирање на идентитетот на брендот што ги претставува сите аспекти во мојата кариера, вклучително жената и мајката што сум сега – вели Јовович.

Таа е заштитно лице на долгата листа на брендови меѓу кои се  Шанел, Прада, Калвин Клајн, Диор, Версаче, Тифани и Л’Ореал, каде што беше како амбасадор 17 години. Со години Јовович се појавуваше на календарот на Пирели и ги красеше насловните страници на многубројни списанија ширум светот. Како актерка, позната е по нејзината  улога во „Петтиот елемент“ на Лук Бесон. Неодамна, таа ја играше главната женска улога во „Ловец на чудовишта“, филм на Пол В.С. Андерсон кој имаше премиера во декември минатата година.

Воодушевени сме што ја пречекавме Мила во семејството на „Ај-ем-џи“, рече Маја Киеси една од менаџерите на агенцијата.

– Таа е вистинска модна икона чие дело ги инспирира сегашните и идните креатори и ние сме желни да ја поврземе со нови можности од глобално ниво, придонесувајќи за нејзиното следно поглавје во историјата на модата – истакна Киеси.