Мечок скршил прозорец од автомобил и ги изел сите колачи

508

Мирисот на свежи колачиња привлекол мечок која во една планинска населба во Њу Џерси, насилно влегол во автомобил и сите ги изел.

Единствени траги од упадот во автомобилот е скршениот прозорец на автомобилот, трошки од триесеттина колачиња на седиштето и шеќерна трага од голема шепа на мечка.

Слаткарката Кристин Ален за локалниот весник изјави дека мечокот „го изел ама баш секое колаче со чоколадо, ванила и со јагоди“, кои претходниот ден ги подготвила за еден нарачател.

Упадот во автомобилот го забележал нејзиниот пес и со лаење го пробудил мажот во вторникот наутро, но веќе било доцна, мечокот си заминал.

Локалниот полицаец Питер Рејли рече дека тој мечок и порано провалувал во автомобилите во потрага по храна.

Слаткарката Ален вели дека бара од властите да и го заштитат имотот, но никако да не го убиваат мечокот.