Метју Меконахи како лондонски крал на дрогата во „Џентлмен“

34

Пристигна првиот трејлер за филмот „Џентлмен “, во кој добитникот на „оскар“ Метју Меконахи ќе го гледаме во улога на лондонски крал на марихуаната.

Ова ново филмско остварување е дело на режисерот и сценарист Гај Ричи, кој им се враќа на своите корени, односно на криминалистичките филмови, откако режираше еден од најголемите хитови ова лето, адаптацијата на Дизни „Аладин“. Неговиот последен акционен криминалистички филм беше познатиот „Рокен Рола“ од 2008 година.

Како што се наведува во описот на филмот, наркогаздата Мики Пирсон, кој го глуми Меконахи се обидува да ја продаде својата империја на милијардер од Оклахома. Меѓутоа, тој одеднаш ќе се најде пред многубројните ривали, откако ќе се прошири веста дека планира да се повлече од бизнисот со марихуана.
Покрај Меконахи, за овој филм Ричи собра одлична актерска екипа составена од Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Џереми Стронг, Еди Марсан, Колин Фарел и Хју Грант.

Премиерата на „Џентлмен“ е закажана за 24 јануари следната година во САД.