„Металика“ објавува илустирана книга за деца

50

Култниот американски метал-состав „Металика“ годинава ќе објави книга за деца, пренесува „Гардијан“.

Илустрираната книга „Д еј-би-сис оф Металика“ ќе биде пуштена за продажба на 26 ноември годинава, а ќе биде издадена со цел да се соберат средства за добротворната фондација на бендот наречена „Сѐ во моите раце“ (All Withing My Hands).

Книгата е напишана од страна на бендот во соработка со авторот Хови Абрамс, а е илустрирана од Мајкал Кејвс Меклир.

– Во книгата има рими и илустрации, а е посветена на историјата на бендот од самите почетоци на нашето патување како бенд од гаражните денови па сѐ до интересни факти за членовите на „Металика“ – напиша бендот на нивниот официјален вебсајт.

Нивниот најнов албум, десетти по ред во нивната 38-годишна кариера, насловен „Hardwired…to Self Destruct“ од  2016 година, беше продаден во над пет милиони копии и беше номиниран за награда Греми.