Мексиканците купуваат лажни телефони за да ги залажат крадците

57

Вооружените грабежи станаа толку вообичаена појава во градските автобуси во Мексико Сити, поради што патниците дошле до решение – купуваат лажни мобилни телефони коишто им се предаваат на крадците кога во нив ќе вперат пиштол за да ги ограбат.

Овие лажни уреди чинат помеѓу 15 и 25 долари, имаат екран и изгледаат исто како и оригиналните паметни телефони. Овој изум е особено корисен за граѓаните кои се мета на вооружените бандити коишто напаѓаат автобуси на патот меѓу предградијата и центарот на градот.

Во првите четири месеци од годинава, во главниот град на Мексико секојдневно имало 70 пријавени насилни грабежи. Жртви во две третини од грабежите се пешаците, а мета на крадците биле и патниците во автобусите и возачите на автомобили.