Меколи Калкин: Поради „Сам дома“ за Божиќ не излегувам од дома

238

Актерот Меколи Калкин, гостувајќи во „Елен Деџенерис шоу“, говореше за филмот „Сам дома“, со кој се прослави.

Првиот филм „Сам дома“ е снимен во 1990 година, а две години подоцна и вториот дел. Иако оттогаш поминаа 18 години, Калкин сите го помнат помнат по улогата на Кевин.

Во шоуто актерот говореше како за време на Божиќ, кога овој филм задолжително се емитува, избегнува да го напушти домот.

– Има луѓе што сакааат филмот да го гледаат со мене, што е истовремено ласкаво, но и морбидно. Кога го гледам филмот се сеќавам на снимањето. Не можам да го гледам на ист начин како останатите. Дефенитивно не излегувам од дома за време на празникот. Тоа е време за мене – вели Калкин.

Калкин наведува дека често му се случува луѓето да го тераат да го направи изразот на лицето што е препознатлив во филмот (изненадувачки лик, со отворена уста и рацете на образи).

– Тоа веќе го имам направено, сега имам 37 години – раскажува Мекалкин во однос на ова прашање.

Од 1988 до 1994 година тој има глумено во 14 филма, а потоа девет години се повлекол од филмската индустрија. Во светот на филмот се врати во 2003 година.