Медицински совет

144

Едноставна вежба за дишење против стрес

Ако ви се потат дланките и срцето ви чука забрзано, тоа се најчестите физички одговори на стресот. Но овие и други несакани појави можат да се контролираат со правилно дишење, вели авторката на книгата „Срце, здив и ум“ и психолог Леа Лагос.
Таа заедно со истражувачите од универзитетот „Ругерс“ открила дека
систематското правилно дишење во траење од 20 минути, што се спроведува двапати на ден може значително да го ублажи стресот, да ги намали пулсот и крвниот притисок.
За оваа вежба се дише во идеална фреквенција, а тоа значи шест вдишувања во минута. Прво низ нос ќе вдишете, а ќе издишете низ стиснати усни, како да дувате нешто жешко. Додека во главата одбројувате четири секунди за вдишување и шест за издишување, фокусирајте се на протокот на воздухот.
– Брзо ќе забележите поголема концентрација и подобар фокус, а тоа ќе резултира со донесување пообјективни одлуки. Исто така овој метод ќе ве направи поотпорни и порасположени – вели докторката Лагос.