Медицински совет – Вистини и заблуди за традиционалното лекување

78

Ако некому не му е добро, меѓу народот често се вели: „Напиј се ракија и ќе ти помине“. Тоа не е единствената заблуда што преживеа до денешно време. Наспроти тоа што медицината секојдневно се развива и се модернизира, некои предрасуди за традиционалното лекување сѐ уште се присутни и, за жал, се практикуваат.

Чаша црвено вино на ден и ќе живеете подолго – Иако во себе содржи соединенија што го намалуваат ризикот од канцер и срцеви заболувања, токму црвеното вино ги намалува ефектите на секојдневното вежбање.

Заситените масни киселини се штетни – Долго се мислеше дека овие киселини се погубни и штетни за здравјето, но науката покажа дека се неопходни. Тие влијаат на правилниот раст и развој, превенцијата на холестеролот и на други незаразни болести.

Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен – Ова тврдење е само донекаде точно. Пред да го изедете, неопходно е добро да го измиете јаболкото и да го излупите, затоа што во кората се наталожени пестицидите, а нитритите кај дршката.

Колку повеќе вежбање толку подобро – Порано лекарите советуваа повеќе физички активности за добро здравје, но сега велат дека и тоа е лек што треба да се дозира. Доколку интензитетот на вежбањето е голем, последиците се акутни кардиоваскуларни нарушувања. Отстранувањето на бенките е опасно – Последните истражувања го демантираат ставот дека отстранувањето на бенките и на израстоците на кожата е опасно. Причината е тоа што има меланоми што треба да се отстранат, доколку се препознаат навреме, надежта за излекување е поголема, советуваат лекарите.