Медицински совети

183

Како да се избориме со прејадувањето од стрес?

Кога сме под стрес, грижата за своето здравје треба да ни биде на прво место. Основните навики, како што се спиење, вежбање и јадење, кога сме под психолошки притисок се во втор план, бидејќи сме фокусирани на други работи. Дури и кога стресот е хроничен или надвор од контрола, не е необично да посегнеме по храна како утеха.

Со прејадување може да се влијае на неколку фактори: од здодевност до депресија. Во стресна состојба, нашето тело ослободува кортизол (хормон на стресот), а тоа, пак, го поттикнува ослободувањето на инсулинот, што доведува до желба за јаглехидрати и мрсна храна.
Како да постапиме? Не мора да ги избегнуваме омилените артикли, едноставно мора да знаеме да поставиме граница во јадењето, за да можеме да уживаме во храната без негативни последици. Исто така можеме некој продукт да замениме со друг и така ќе постигнеме чувство на смиреност и контрола.

Кога јадеме, а не сме гладни, тоа е затоа што всушност бараме задоволство и утеха, а не храна. Тогаш навистина е корисно да имаме список на алтернативни активности со кои ќе се чувствуваме подобро како: вежбање, медитација, дружење.