Медицински совети – Пет мита за спиењето

61

Ако легнете порано, ќе заспиете порано – ова е еден од раширените митови за сонот, да одиме во постела, иако не сме сонливи. Но оваа состојба мозокот ја сфаќа како будност, а не како одмор.

’Рчењето е целосно безопасно – опструктивната апнеја во сонот, која предизвикува парцијална или целосна блокада на дишните патишта, претставува сериозен проблем. Во тој случај следува будење, бидејќи организмот сфаќа дека лицето не дише. Овој проблем негативно влијае на квалитетот на сонот и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни и други болести.

Алкохолот ќе ви помогне да заспиете – всушност тој има спротивен ефект, го спречува телото да лачи мелатонин, кој е потребен за опуштен сон. Освен тоа, консумирањето алкохол ја спречува личноста да сонува, па кога ќе се разбуди таа има впечаток дека не е сосема одморена.

Отворањето прозорец на автомобил и клима-уред ќе ве држат будни додека возите – наместо тоа, потребно е да се пронајде сигурно место за застанување и кратка дремка. Некои мислат дека кафето ќе им помогне да останат будни, но кофеинот дејствува по 30 минути и има различни ефекти на луѓето.

Доволно е да се спие само неколку часа – недостигот од сон не е здрав за телото, бидејќи тој е клучен за менталното и за физичкото здравје. Мускулите во текот на спиењето закрепнуваат, па на возрасните им се потребни 8-9 часа сон во текот на ноќта. Пократок сон може негативно да влијае на перформансите на работа и на функционирањето на телото и на умот.