Медицински совети – Гените не се пресудни за вашата тежина

92

Според најновите истражувања, генетиката не е пресудна кога е во прашање веројатноста да станете дебели. Со години генетските истражувања им сугерираа на луѓето дека зголемената тежина е резултат на гените наследени од родителите и оти тоа е неизбежно. Меѓутоа, едно ново истражување покажа дека секојдневниот начин на живот, а не гените игра многу поголема улога во тоа. Студијата, објавена во списанието „ЈАМА кардиолоџи“, ги следела податоците за повеќе од 2.500 Американци од 1985 до 2010 година. Истражувачите користеле модерна технологија за да конструираат генетски „резултат на ризик“ за дебелината, особено за секој учесник и врз основа на неговата поединечна ДНК.

Исто така, ги следеле промените во индексот на телесната маса на секој учесник посебно, за да ги одредат неговата тежина и кондиција. Според истражувачите, фитнесот е поефикасен од генетиката.

– Генетиката очигледно има некое влијание на нашата тежина, но другите фактори се посилни. БМИ, дури и во младоста, претставува совршена симбиоза на генетиката и на надворешните фактори – вели Марти, вонреден професор по интерна медицина и радиологија на Универзитетот во Мичиген.