Медитеранската диета најдобра, кето-диетата најлоша

123

Секоја година, според порталот „Американски светски извештај“, се проценуваат диетите и начинот на исхрана практикувани во текот на претходната година. Така, тие ни даваат увид за најдобрата и најлошата диета. Четврта година по ред, медитеранската исхрана е прогласена за најдобра. Според нутриционистите, таа помага да се спречат многу хронични заболувања, па затоа и оваа година беше прогласена за најздрава диета. Во оценувањето се проценува леснотијата кон придржувањето на диетата, потенцијалот за долгорочно и краткорочно губење на тежината, безбедноста во исхраната и можните несакани ефекти и потенцијалот за спречување болести како што се срцеви заболувања и дијабетес.
– Заедничко за сите диети е дека се богати со овошје, зеленчук, житарки и здрави масти – објасни диететичарката Кети Билс од Универзитетот во Јута. Според неа, медитеранската диета се потпира на морска храна, свежи производи, цели зрна, ореви, семиња и умерено пиење вино, а потекнува од земјите што граничат со Средоземно Море. Таму во текот на историјата луѓето се хранеле здраво.
Според процените на споменатиот американски портал, како најлоши диети се именувани оние што е тешко да се следат долгорочно и што се нутритивно неурамнотежени. Такви, според нив, се кето-диетата и оптавија, кои се со малку маснотии и ниско ниво на јаглени хидрати, а се наменети за брзо но краткорочно слабеење.