Меган Маркл и принцот Хари не сакаат персоналот да живее со нив

325

Меган Маркл и принцот Хари не сакаат персоналот да живее во нивниот дом, како што е случајот кај принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Принцот Хари им кажал на своите пријатели дека не сака во неговата куќа да престојува нивниот персонал, вклучително дадилките и домаќинките, како кај неговиот брат и снаа, се дознава од новата биографска книга за Сасекси, објави „Мирор“.

Авторите Омид Скоби и Каролин Дуранд детално објаснуваат како Меган и Хари првично не сакале дадилка да им помага за Арчи, но брзо се премислиле и оттогаш смениле три дадилки. Тие исто така тврдат дека парот бил принуден да отпушти една дадилка уште втората вечер поради „неодговорно“ однесување, оставајќи ги крајно нервозни.

Сепак, за разлика палатата Кенсингтон, персоналот на Меган и Хари не живее со нив, туку доаѓа за да ги изврши обврските, по што вработените заминуваат дома.

Марија Борало, дадилката обучена на познатиот колеџ за високо образование на дадилки и домашни асистенти „Норланд“ кој се наоѓа во Бат, Англија, се грижи за Џорџ, Шарлот и за Луис. Таа живее во палатата Кенсингтон со кралското семејство, за секогаш да е при рака и да помогне кога ќе биде потребно.

Хари и Меган имаат заеднички став дека не сакаат во нивниот дом да им престојува персоналот. Хари видел како е во домот на својот брат Вилијам и не го сакал истото за своето семејство. На него и на Меган им се допадна идејата кога ќе одат на спиење, во куќата да бидат сами, тројцата. Да имаат приватност – пишуваат авторите на биографијата.

Кога првпат решиле да вработат дадилка, тие барале медицинска сестра за да им помогне да го решат начинот за спиење на Арчи. Сепак, нивниот прв избор завршил лошо и биле принудени да ја отпуштат дадилката бидејќи не биле задоволни од нејзиното однесување. И покрај лошото искуство, Меган и Хари решиле да пробаат со друга дадилка. Втората дадилка добро си ја вршела работата, но поради првиот „инцидент“ и двајцата останале нервозни.

Во книгата се вели „не можеле спокојно да спијат во текот на ноќта, без редовно да го проверуваат Арчи“.

Поради тоа по неколку недели, тие решиле да ја отпуштат дадилката и сами да си ги преземат ноќните обврски. Потоа, сепак заклучиле дека им треба помош за која ангажирале нова дадилка која ќе работи преку ден и тоа во работните денови.