Меган и Хари ќе изнајмат луксузна вила на Малибу

459

Фотографиите од луксузниот имот во Малибу што сакаат да го изнајмат Меган и Хари се појавија во медиумите.

Вилата Петра Манор е поранешен дом на Кајли Џенер, направена е во ренесансен стил, со осум соби, десет купатила, приватно кино, бар, вински подрум, студио за танц, тениски терен и базен.

Изнајмувањето месечно изнесува 26.000 американски долари, а соседи се Мел Гибсон и Кејтлин Џенер.

Наводно Кејтлин ги информирала медиумите дека Меган и Хари бараат куќа во Малибу.

– За Меган сето ова е голем шок, највероватно и било доста од се. Слушнав дека бараат куќа во Малибу. Сигурно им било тешко со оглед на тоа низ што се имаат поминато. Сите заслужуваат да бидат среќни – изјавила Кејтлин за странски медиуми.

Вилата во Малибу е во близина до домот на мајката на Меган, Дорија Рагланд, која живее на околу 48 километри оддалеченост во Виндзор Хилс.