Меган и Хари дадоа јасен сигнал дека за нив нема враќање назад

372

Меган и Хари го отпуштиле 15-члениот персонал во Велика Британија давајќи јасен знак дека кралската двојка нема намера да се враќа во Обединетото Кралство, пишуваат британските медиуми.

Војводата и војвотката од Сасекс би требало да ја затворат канцеларијата во Бакингемската палата додека се подготвуваат за живот преку Атлантикот во Канада. Меган и Хари во уште во јануари ги информираа членовите на својот персонал, откако и потврдија дека ќе се повлечат од нивните обврски во кралското семејство.

Се претпоставува дека двојката работела на наоѓање на нови работни позиции за нивните членови на персоналот, но се претпоставува дека нема да има работа за сите.

Извори од кралското семејство информираат дека тимот кој е отпуштен е „многу лојален“ и „ја почитува одлуката“ донесена од војводата и војвотката.