Меган и Хари го одбиле барањето за именување на противпожарен авион по нивниот син Арчи

200

Владата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс планирала да го одбележи фактот дека Меган ја објавила бременоста за време на кралската турнеја во Австралија во 2018 година, со именување на австралиски противпожарен авион според нејзиниот син Арчи, пишува британски „Експрес“.

Големиот авиотанкер 737, годинава имал клучна улога во помагањето да се изгаснат пожарите што ја опустошија државата во текот на австралиското лето.

Кога владата на Нов Јужен Велс службено им се обратила на војводата и војвотката, тие учтиво го одбиле барањето, пренесува „Сиднеј телеграф“.

Кралската двојка им се заблагодари на властите на Нов Јужен Велс за нивната „љубезна понуда“, но Хари и Меган не можат да се согласат со предлогот бидејќи Арчи „сè уште не влегол во јавниот живот“.

Како алтернатива, владата на Нов Јужен Велс го именуваше авионот по поранешната гувернерка на државата, Мари Башир.

Меган и Хари биле во Австралија на шеснаесетдневна турнеја во октомври 2018 година, во која биле вклучени и посетите на Фиџи, Тонго и Нов Зеланд.