Мачките на богата Хрватка ќе уживаат во нејзините пари

112
Фото: Илустрација

Хрватката Марија Хорватек која живеела во САД, во својот тестамент како наследници на богатството од 460 илјади долари ги именувала своите мачки, објавува „Слободна Далмација“. Иако починала пред две години поради комплицираната процедура, дури од неодамна нејзините мачки почнале да уживаат во наследството.

Дел од наследството ќе припадне на децата од нејзиниот роден град Ѓурѓевац, чии жители се одушевени од ваквиот подарок. Тие планираат дел од парите да ги наменат за набавка на инструменти во локалното музичко училиште и за бројните здруженија за децата со посебни потреби.

– Богатството, мебелот и сребрениците ќе го наследат нејзините мачки – изјавила Ева Барселона, жената која во Чикаго се грижела за Хорватек и која во нејзино име ќе управува со наследството.