Масивен робот ја надгледува фабриката „Гандам“ во Јапонија

77

Огромна подвижна верзија на анимиран робот ја надгледува фабриката „Гандам“, сместена во Јокохама, недалеку од Токио, Јапонија.
Обожавателите на анимираниот робот Гандам сега ќе можат да го посетат во неговата реална гигантска големина во фабриката „Гандам“.
Конструкцијата на масивниот робот беше завршена на 29 јули, тој е висок 18 метри и тежи околу 25 тони. Направен е со механички скелет, за да може да го движи своето тело, вклучувајќи ги и рацете и нозете. Инженерите ги тестирале движењата на неговите нозе, торзо и раце на 5 јули, а главата му била поставена со помош на кран.
Роботот Гандам во Јокохама е втор по големина јапонски робот РХ-78. Првиот се наоѓал во областа Одаиба, во Токио, а бил заменет со RX-0 Јуникорн Гандам.
Фабриката во Јокохама требаше да се отвори летово, но поради одложувањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот, тоа ќе се случи во октомври, пишува „Ес-нет“.