Мажите се поемотивни од жените, ама не во љубовта!

95

Секое трето лице на работното место ги крие емоциите зад лажната насмевка, а мажите се шампиони во тоа. Неодамнешно истражување извршено на британскиот универзитет „Англија Раскин“ покажа дека мажите се поемотивни на работа од жените, но тие се повеќе подложни на стрес.

Припадниците на посилниот пол вложуваат повеќе емоции во деловните проекти и се чувствуваат лошо ако не го запазат рокот или ако го надминале буџетот на фирмата. Двапати повеќе ги погодуваат критиките на работното место, се чувствуваат вознемирено ако нивните идеи и иницијативи се игнорираат или отфрлаат, а дури 43 отсто од нив поради тоа негодуваат.

Водени од емоциите, тие се подготвени и на драстични чекори – да дадат отказ доколку работите не се одвиваат онака како што ги замислиле. А ако другите не ги слушаат, мажите го поврзуваат тоа со недостиг од авторитет или со статусот што го имаат во фирмата. Доктор Тери Симпкин од овој универзитет истакнува дека емоциите и моќта се нераскинливо поврзани.

Дури 30 отсто од шефовите сметаат дека покажувањето емоции на работа е слабост, а 51 процент се убедени дека не би требало да се манифестираат никакви чувства во работното опкружување.