Мажите повеќе сакаат месо, а жените тестенини

92

Од месо повеќето жени избираат пилешко, компирите се нивното второ омилено јадење, а зеленчукот е во секој случај неизбежен. Според неодамнешното истражување за навиките на исхрана, нема оброци без месо. Трендовите се дека во машката исхрана доминира месото, особено скарата и печеното месо. Меѓутоа мажите не сакаат да јадат боранија, а по неа следуваат јадења со зеленчук (зелка, грашок).

Жените имаат поинаков вкус, бидејќи помалку инсистираат на месо, а кога месото е во прашање, повеќето избираат пилешко. За разлика од мажите, кои тешко го споменуваат, компирот е уште едно омилено јадење на жените. Тие претпочитаат тестенини повеќе од мажите, а изненадувачки е што помалку сакаат да јадат риба. Истражувањето покажало дека и двата пола еднакво сакаат, односно не им се допаѓаат, овошје, боранија, грашок, печурки, брокула, блитва, карфиол и зелка, пренесува порталот „Хелт24“.

Месото е популарно како избор на храна кај мажите затоа што е синоним за добра, калорична и вкусна храна. Зеленчукот не е приоритет за мажите, како ни морските плодови. Месото има добар заситувачки ефект, дава многу енергија, маснотии и протеини. Скарата, колбасите, па дури и печеното месо, за разлика од вареното месо, имаат многу подобар вкус поради ароматичните соединенија што ги содржат и брзо се приготвуваат, па затоа е јасно зошто скарата е првиот избор.

Жените имаат по истенчен вкус, кој исто така е во согласност со мирисите и боите, кои многу подобро ги чувствуваат од мажите. Ова не значи дека жените се посупериорни, туку дека тие повеќе обрнуваат внимание на храната што ја јадат, како и на нивниот изглед.

Затоа жените по правило сакаат да јадат поразновидна храна од мажите. Традиционалните јадења, како на пример скарата, жените ја сакаат скоро исто колку и мажите, но зеленчукот им е исто така неопходен.
Прашањето е дали со ваквиот тренд на избор на храна, е можно да се задоволат основните постулати на здравата исхрана и дали е воопшто можно да се храниме здраво и покрај брзото темпо на живот. Кога некој има премногу обврски, здравата исхрана е генерално првото нешто од кое многумина се откажуваат. Ваквиот начин на исхрана не е нешто што би било добро за здравјето, но постојат совети од нутриционисти како да се храните здраво и како да ги планирате вашите оброци. На човечкиот организам вежбањето и добрата исхрана му се најпотребни баш тогаш кога се наоѓа под најголем стрес и кога има најмногу обврски, пренесува „Хелт24“.­