Мадам Тисо ги раздели Хари и Меган од кралското семејство

336

По објавувањето на војводата и војвотката од Сасекс дека се повлекуваат од обврските поврзани со британското кралско семејство, музејот на восочни фигури Мадам Тисо реагираше неверојатно брзо, така што ги оддели нивните фигури од кралското семејство.

Фигурите на Хари и Меган за првпат беа откриени вечерта пред кралската свадба, на специјална забава во мај 2018 година. Меган е облечена во зелен фустан што го носела за време на објавувањето на нивна веридба, со реплика на прстенот дизајниран од Хари на левата рака.