Луѓето родени по 1970 година ќе можат да станат бесмртни?

256

Британскиот футуролог Иан Пирсон тврди дека луѓето родени по 1970 година, до 2050 ќе можат да станат бесмртни, објави „Дејли мејл“. Инженерот и иноватор од Ипсвич смета дека генетското инженерство и вештачката интелигенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине ограничувањата на своето тело.

Според него, забавувањето на процесите на стареење, лабораториското создавање ткива, органи, па и т.н. „андроидни тела“, како и новите виртуелни светови и дигитализацијата на умот, би можело да ни овозможат вечен живот.

– Оваа опција во почетокот ќе биде наменета само за славните и богати, но и „работничката класа“ ќе може да си го дозволи тоа до шеесеттите години од овој век – изјави Пирсон.

Натаму, тој се согласува дека речиси никој во својата 95-та година не би сакал да живее вечно, но сите би сакале да се чувствуваме барем 30 години помлади тогаш.