„Луцифер“ обновен за петтата и последна сезона на „Нетфликс“

224

Хит-серијата „Луцифер“ е обновена за петтата и завршна сезона на „Нетфликс“. Таа претходно се емитуваше на телевизијата Фокс три сезони пред „Нетфликс“ да ја оживее четвртата, што дебитираше на услугата стриминг на почетокот на мај годинава. Иако не е потврден датумот на премиерата на петтата сезона на „Нетфликс“, неофицијално тоа најверојатно ќе се случи во мај 2020 г., истиот период од годината како и четвртата сезона.

– Воодушевени сме што љубителите на „Луцифер“ низ светот ја прифатија оваа серија на „Нетфликс“, а ние се радуваме што ќе им ја дадеме големата завршница на сите што ја очекуваат – изјави портпаролот на „Нетфликс“.

„Луцифер“ се фокусира на Том Елис, паднат ангел и господар на пеколот, кој работи со полицијата во Лос Анџелес и помага при фаќање на криминалците на земјата. Во серијалот играат и Лорен Герман, Кевин Алехандро, Д.Б. Вудсајд, Лесли-Ен Брант, Скарлет Естевез и Рејчел Харис.

– Ние сме им неизмерно благодарни на „Нетфликс“ што го оживеаја нашиот серијал минатата сезона и сега ни дозволија да ја завршиме приказната на Луцифер по наши услови. Што е најважно, сакаме да им се заблагодариме на обожавателите за нивната неверојатна страст и поддршка. Најдоброто допрва доаѓа – велат главните луѓе на серијата, Хендерсон и Модрович.