„Луменео смера“ – ултракомпактно електрично возило

83

Францускиот производител „Луменео“ направи ултракомпактно возило „смера“. Долго само 250 сантиметри и широко 96 сантиметри, користи електричен погон и не испушта издувни гасови. Возилото е опремено со два електрични мотора, кои користат гејтс поли чеин ГТ јаглеродни ремени, во моментов најмоќните забести ремени на пазарот.
„Смера“ е управувана од два електрични мотора лоцирани пред задните тркала и достигнува максимална брзина од 110 километри на час, забрзувајќи од мирување до 100 километри на час за 8 секунди.

Овој проект се вклопува во зелената визија на „Гејтс“, која придонесува за подобро опкружување со развој на технологии за заштеда на енергија.
Електричните возила се клучни елементи кон одржлива мобилност, така што компанијата неуморно работи на освежено размислување, инженерско знаење и одржливост на производите и решенијата за клиентите, како денес, така и за во иднина.