Лоши божиќни филмови што всушност се добри

46

Божиќните филмови, особено оние што ги прикажува Нетфликс во пресрет на празниците, се „толку лоши, што се добри“

Сите можеме да се согласиме дека постои и време и место за модерна божиќна класика. Како некој може да ја помине сезоната без да го гледа „Празникот“ или „Љубов, всушност“ е несфатливо. Но сега станува збор за најлошиот вид божиќни филмови – оние што се толку ужасни што всушност се посебни.

Во 2017 година, Нетфликс го објави ТВ-филмот „Божиќен принц“, 90-минутен долгометражен филм што ја следи дрската и зборлеста репортерка од Њујорк на нејзината тајна задача во Алдовската палата да ја открие вистината за националниот „Плејбој принц“.

Но, и покрај сето превртување на очи, се чини дека филмот сепак постигнал одреден успех. Дури и платформата Нетфликс во декември 2017 на својот твитер-профил напиша: До сите оние 53 лица што гледале „Божиќен принц“ секој ден во изминативе 18 дена: Кој ве повредил?

Не грижете се толку за тоа што значи ова за нашата приватност и размислете за тоа како еден ваков филм има моќ да раководи со толку многу од нашето време.
Овој тип филмови се безбедни, ја ублажуваат анксиозноста и го намалуваат стресот, а не бараат премногу емотивна обврска. Можеби фактот што 53 лица го гледале „Божиќен принц“ секој ден во текот на 18 дена е затоа што успеале да најдат утеха и некаква смиреност во заднината на приказната на принцот Ричард и неговата идна кралица Амбер.

Иако сите знаеме како завршуваат овие филмови, свесни сме дека нема да наидеме на непријатна реална слика или сурова лекција за животот. Ликовите најчесто завршуваат заедно, посреќни од кога било, а фактот дека сето тоа е поставено во заднина, со палатата од чоколадни кутии, полиња попрскани со снег и украсени забави, го прави овој жанр уште повкусен.

Додека светот гори и светските лидери не можат да се согласат за ништо, а уште помалку за здравјето на животната средина, работите се толку лоши што некои од нас се вртат кон свет каде што спасувањето на Божиќ е најсериозниот проблем. А Нетфликс сигурно добро го разбира тоа, затоа што „Божиќен принц: Кралската свадба“ (2018) и „Божиќен принц: Кралското бебе“ (2019) многу бргу се стекнаа со истиот успех како и првиот филм.

Филмовите „Заменетата принцеза“ со Ванеса Каџенс и „Витезот пред Божиќ“ за краток временски период станаа класици, додека пак филмовите „Празничен календар“ и „Божиќното наследство“ нудат малку пореални, но еднакво смешни приказни.
Овој Божиќ можете да одморите од срцепарателните приказни за разводи или оние за организиран криминал номинирани за „златен глобус“, затоа што, како што би рекла Шер Хоровиц од „Откачена русокоса“, во свет во кој сите се чувствуваме импотентно и надвор од контрола, нема ништо лошо во тоа да се најде мир во еден божиќен филм.