Листа на апликации опасни за вашиот телефон

199

Андроид-телефоните се бесконечен рудник за опасни апликации, а интернет-страницата „Битдефендер“ состави список од 17 апликации што може да му наштетат на вашиот мобилен телефон.

Овие апликации користат опасни тактики за да стигнат до системот „Гугл плеј“, а начинот на кој работат честопати е поврзан со вируси што може да ги фати телефонот.
Без разлика дали ќе им бидат потребни 48 часа по инсталацијата да се појават на вашиот телефон (без дури и да знаете дека ги имате), или да започнат со прикажување реклами само четири часа по инсталацијата, во никој случај не е препорачливо да ги имате на вашиот уред, пишува весникот „Мирор“.
За жал, откриено е дека веќе се наоѓаат во повеќе од 550 илјади мобилни телефони во светот. Ова е списокот на 17-те опасни апликации.


Car Racing 2019
4K Wallpaper (Background 4K Full HD)
Backgrounds 4K HD
QR Code Reader & Barcode Scanner Pro
File Manager Pro – Manager SD Card/
Explorer
VMOWO City: Speed Racing 3D
Barcode Scanner
Screen Stream Mirroring
QR Code – Scan & Read a Barcode
Period Tracker – Cycle Ovulation Women’s
QR & Barcode Scan Reader
Wallpapers 4K, Backgrounds HD
Transfer Data Smart
Explorer File Manager
Today Weather Radar
Mobnet.io: Big Fish Frenzy
Clock LED