Либација и праисториското „истурање за душа“

112

За оние кои не се упатени, либација или како што кај народот е познато како истурање течност на земјата „за душа на покојните“, е чин кој претставува почит кон пријатели или роднини кои се починати.

Еден од најстарите случаи на оваа практика, попознато како либација потекнува од Стар Египет, каде водата била знак за понадата, имитирајќи го ритмичкото движење на реката Нил која била изворот на давањето живот и смрт.

Во Стара Грција, каде што биле големи обожаватели на ритуалите, либацијата била дел од сите видови жртвувања, но можела да се употребува и сама по себе како одвоен ритуал. Старите Грци употребувале мед и млеко, но и алкохолни пијалоци кои требало да се принесат како жртва, а и да се конзумираат. Честопати либацијата се споменува и во Одисејата и Илијадата на Хомер.

Старите римјани, копирајќи ги старите Грци без трошка срам, ја вметнале либацијата во своите жртви кон боговите, но и како чин во чест на мртвите предци. Некои од статуите на покојните биле дизајнирани на начин што, кога ќе се истури вино во чашата која тие ја држеле, виното течело директно до останките на покојниот.

Ритуалното истурање течност е задржано до ден денес, зацврстувајќи го своето место во различни религии и култури. Зошто ваквата пракса имала толку голем историски и универзален замав кај луѓето е уште непознато. Можеби истурањето пијалак – вино, пиво или вода – прави луѓето да се чувствуваат малку поблиску до покојните.