Лејди Гагa на 29 мај ќе го промовира албумот „Хроматика“

74

Лејди Гага поради коронавирусот, претходно закажаната промоција на нејзиниот нов шести албум, ќе ја одржи на 29 мај, пренесуваат светските медиуми.

Познатата поп-пејачка вчера ја објави веста за новиот албум кој првично требаше да биде издаден на 10 април. Албумот вклучува соработка со Аријана Гранде, Елтон Џон и со Блекпинк, во новиот сингл „Stupid Love“, кој се искачи на 5-то место на листата на топ 100 најслушани песни на „Билборд“.

Неколку уметници ги одложија промоциите на своите албумите поради пандемијата на коронавирус, вклучувајќи ги Лук Брајан, Дикси чикс, Аланис Морисет, ХАИМ и Келани. Стотици концертни турнеи исто така се откажани или одложени.

Последниот  студиски албум на Гага беше „Џоан“ од  2016 година. Во 2018 година го издаде саундтракот за фимот „Ѕвездата е родена“, со кој ја освои нејзините четврта награда „греми“, како и „оскар“ за хит-песната „Shallow”.

„Хроматика“ ќе се квалификува за номинациите за „греми“ в година. Песните и албумите објавени помеѓу 1 септември 2019 година, до 31 август 2020 година, ги исполнуваат условите.