„Лето во Македонија“ со „ЈСП-Турс“

96

„ЈСП-Турс“ почна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и за афирмирање на манастирскиот туризам во државава.
Секоја недела, до крајот на летово, „ЈСП-Турс“ ќе организира 12 еднодневни излетнички тури до поголемите манастири низ државава.
Турите ќе се реализираат во придружба на лиценциран водич, со високотуристички автобус.

Цената на билетите за еднодневните тури е различна според оддалеченоста на манастирите, а може да се купи и блок-билет за сите 12 излети, кој изнесува 3.000 денари.
Со овој билет се добива и џебен водич за манастирите со сите побитни информации за манастирскиот локалитет издаден од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Македонија (АППТРМ).
Заинтересираните за пријавување и за подетални информации можат да се јават на телефонските броеви 3060-350 или 3091-522.