Летен саем на книгата

49

Летен саем на книгата започнува од денеска во Скопје, а ќе трае до 13 јуни.

Саемот е во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и Скопје сити мол, каде посетителите наредните шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи. Станува збор за изданија на: Просветно дело, Детска радост, Магор, Бата прес, Матица, Венеција Штип, Икона, Нампрес и Логос А.

Според организаторите, изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти.

Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети…

Од Здружението на издавачи најавија уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.