Легендарниот француски шансониер во болница откако си го скрши рамото

842

Легендата на француската шансона Шарл Азнавур денеска е префрлен во болница бидејќи го повредил рамото, паѓајќи во својот дом на југозападот на Франција, јавуваат медиумите.

Пејачот, кој на 22 мај ќе наполни 94 години, ја скршил коската на рамото, а пожарникарите кои го префрлија во болница соопштија дека не е во животна опасност.

Славниот шансониер кон крајот на мај требало да тргне на нова турнеја по Кина, Јапонија, Италија, Франција и Монако, а засега не е познато дали некој од концертите ќе биде одложен поради фрактурата.

Повикувајќи се на извори блиски до пејачот, тој рекол дека ќе пее, па ако треба и во лангета.

Неговото вистинско име е Шанур Вахинаг Азнавуријан. Роден е во Париз на 22 мај 1924 година. Познат е по единствениот меланхоличен тенор кој со леснотија постига и најдлабоки и највисоки тонови.