Кујнски предмети што ги користиме секојдневно, а се многу токсични

457

Кујната e место на кое се наоѓаат многу скриени отрови и потенцијални опасности за нашето здравје. Можеби ќе се изненадите кои сосема обични предмети во кујната, со кои секој ден се служиме, може да бидат многу токсични и опасни по здравјето ако не ги користиме на исправен начин.

Средства за чистење на печката и одводот: содржат натриум хидроксид, корозивна материја што може да предизвика сериозни изгореници во контакт со кожата или со очите. Овие средства содржат и натриум оксид, кој е многу опасен, па паметно е да ставите маска кога ги користите.

Повеќенаменски средства за чистење: го олеснуваат животот затоа што чистат сѐ, но содржат 2-бутоксиетанол, кој може да предизвика низа здравствени проблеми, од надразнетост на кожата и болно грло, до посериозни болести како оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Избелувач: предизвикува надразнетост на кожата, дишни проблеми, па дури и смрт. Ако се користи на правилен начин, одличен е за дезинфекција, но е најопасна хемикалија во домаќинството. Ако се помеша со амонијак може да доведе до напад на астма.

Пластични штици за сечкање: декоративни се и практични, но во длабнатините од ножот се размножуваат бактерии што може да предизвикаат труење со храна.

Алуминиумска фолија: алуминиумот што го ослободува може да биде опасен по здравјето, особено ако во неа подготвувате кисели намирници како домати. Не ставајте ни сок од портокал или лимонада во термос со алуминиумска облога внатре.

Шпорет на гас: испушта мешавина на опасни хемикалии во воздухот, кои претставуваат ризик за појава на болести на дишните органи. Затоа просторијата мора редовно да се проветрува.

Тапи ножеви: тие предизвикуваат повеќе незгоди со исеченици отколку острите ножеви, тие полесно се лизгаат од рака затоа што е потребен поголем напор при користење.

Тефлонски тави: тоа е хемикалија што е опасна кога ќе дојде на висока температура, испушта гас што е токсичен. Затоа инвестирајте во квалитетна тава.

Пластични садови за чување храна: кога ќе се загреат испуштаат бисфенол-А (БПА) и фталати во храната, особено ако е масна. Хемикалиите влијаат на нивото на естроген и на тестостерон, па и на развојот на мозокот и репродуктивните органи кај фетус.
Антибактериски средства за чистење: содржат триклосан и триклокарбан, кои може да создадат отпорност на некои бактерии на антибиотици, како што покажа истражување, објавено во стручното списание „Хемосфера“.

Храна од конзерва: внатрешната облога содржи БПА, хемикалија што штетно влијае на репродуктивните органи. На детската храна има ознака дека не содржи БПА и на тоа треба да се внимава. Свежите и замрзнати намирници се подобар избор.